Мисија и визија на училиштето
Мисија на училиштето
Ние сме инклузивно и безбедно училиште кое настојува да обезбеди современа и квалитетна настава. Иако во моментов располагаме со дел од потребната ИТ опрема и нагледни наставни средства, активно работиме на унапредување на условите за работа и учење, со цел воведување на современи наставни практики и технологии. Нашето училиште ги охрабрува учениците да бидат лидери, да промовираат еднаквост, демократска средина, соработка, разновидност и меѓусебна почит. Посебен приоритет даваме на развојот на критичко размислување и обезбедување квалитетно образование и воспитување преку зајакнување на односите меѓу ученикот, родителот и наставникот – како темел на успешен и целосен воспитно – образовен процес. Вложуваме во создавање позитивна и поттикнувачка средина за учење, каде се негува личниот и професионален развој, а наставниот процес се прилагодува согласно современите образовни текови и реформи. Како воспитно – образовна институција, ја истакнуваме важноста на индивидуалноста и личниот напредок на секој ученик. Поттикнуваме учење без предрасуди, развој на критичко размислување, решавање на проблеми преку анализа, вреднување и логичко размислување, како и градење лични ставови засновани на разбирање, почит и аргументација.
Визија на училиштето
Ние сме училиште кое се стреми кон современи, квалитетни и инклузивни образовни практики, отворено кон иновации и континуиран развој. Иако нашето училиште се соочува со предизвици поврзани со инфраструктурата и е во исчекување на целосна реконструкција, посветено работиме на создавање на поттикнувачка и безбедна средина за учење и напредок. Горди сме на нашата улога како образовна институција која ги негува културните вредности, традицијата и различностите, истовремено охрабрувајќи го критичкото размислување, тимската работа и почитувањето меѓу учениците. Следејќи ги современите текови во образованието, обезбедуваме наставни практики што им овозможуваат на учениците да стекнуваат корисни, применливи и трајни знаења, што ќе им помогнат во понатамошното образование и личен развој. Нашата визија е да бидеме училиште кое го поддржува индивидуалниот развој, кое активно соработува со родителите и локалната заедница, градејќи силни врски и средина во која секое дете ќе добие поддршка да го достигне својот потенцијал. Како образовна институција се стремиме да поттикнуваме вистински вредности: етика, почитување, толеранција, тимска работа и одговорност – основа за успех во современото општество.





