За училиштето

Во учебната 2026/2027 година работата во ООУ ,,Свети Климент Охридски” ќе биде организирана на следниот начин:

Работата во централното училиште во с. Драслајца се одвива во една смена. За учениците од предметна настава организирана е настава по кабинети. Наставата започнува во 8:00 часот. Времетраењето на еден час е 40 минути. Помеѓу вториот и третиот час има голем одмор во траење од 25 минути за учениците од одделенска и предметна настава. Помеѓу секој час има одмор од 5 минути.

Наставата во подрачните училишта во с.Мороишта,  с.Ложани и с.Биџево се одвива во една смена со почеток од 8:00 до 13:00 часот. Секое подрачно училиште има голем одмор во траење од 25 минути.