Детска недела

Во рамките на одбележувањето на Детската недела, учениците реализираа разни активности. Преку пишување, цртање и боење, создадоа заедничка книга исполнета со пораки и илустрации за детството, другарството, среќата и детските права.

Со многу креативност, детска искреност и заедничка соработка, покажаа дека најубавите приказни се оние што се создаваат со љубов, пријателство и насмевки.Детството е најубавиот дел од животот, исполнет со искрени пријателства, безгрижни игри и соништа што чекаат да се остварат.

Нека секое дете расте среќно, безбедно и опкружено со љубов, со слобода да сонува и можност да ги оствари своите соништа!