Со мали дела до поубава училишна средина!

Учениците од VII-б одделение, заедно со наставничката Александра Тренески, реализираа прекрасна еколошка активност – садење цвеќиња и разубавување на влезот на нашето училиште. 🌺🌱

Со многу труд, љубов и заедничка работа, учениците придонесоа за создавање попријатна, поубава и пошарена училишна средина.

Преку оваа активност, учениците ја покажаа својата креативност, одговорност и грижа за природата, докажувајќи дека и малите дела можат да направат големи промени. 💚

🌼 Заедно создаваме училиште во кое секој цвет раскажува приказна за трудот, другарството и љубовта кон природата! 🌿