Денеска, за време на големиот одмор, во салата за приредби се одржа едукативно предавање за сите ученици, во организација на претставници од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Преку отворен, пријателски и интерактивен разговор, претставниците од МВР ги запознаа учениците со опасностите и штетните последици кои со себе ги носат консумирањето тутун (вклучително и електронските цигари), алкохолот и наркотичните средства. ![]()
![]()
![]()
Главен акцент на предавањето беше ставен врз градењето здрави животни навики, препознавањето и отпорот кон врсничкиот притисок, како и важноста да се донесуваат правилни и одговорни одлуки за сопствената иднина.
Изразуваме голема благодарност до Министерството за внатрешни работи за континуираната поддршка, соработка и посветеност во превенцијата и едукацијата на нашите млади генерации! ![]()
Здрави млади – сигурна иднина! ![]()







