Со особена благодарност информираме дека BZ Group Macedonia, како општествено одговорна компанија, обезбеди донација од ортопедски училишни ранци и училишен прибор за сите ученици од прво одделение во нашето училиште.
Оваа вредна донација е прекрасен пример за општествена одговорност и искрена грижа за најмладите, а воедно претставува значајна поддршка за нашите првачиња во нивниот прв чекор во образовниот процес.
Од името на нашето училиште, учениците и родителите, упатуваме искрена благодарност до BZ Group Macedonia за вниманието, поддршката и гестот кој ќе им донесе радост на нашите најмали ученици.
Ви благодариме што инвестирате во децата, образованието и нивната иднина.
ООУ „Свети Климент Охридски“
– с. Драслајца
Директор: м-р Мирослав Размоски



