По повод празникот, во нашето училиште се реализираше едукативна активност во организација на историската секција, под раководство на наставникот по историја Мирче Лазороски.
Учениците ги покажаа своите знаења за историските личности, настани и места поврзани со македонската револуционерна борба и културната преродба.
Активноста се одвиваше на три штандови, секој со различен предизвик:
**„Погоди ја личноста“** – препознавање историски личности според нивните фотографии.
**„Откриј ја точната информација“** – избирање на точното тврдење меѓу три понудени информации за историска личност, поим или настан.
**„Пронајди го местото на картата“** – означување локации поврзани со значајни личности и настани од нашата историја.
За успешно совладан предизвик, натпреварувачите добиваа картичка во бојата на штандот. Учениците што собраа по една црвена, жолта и зелена картичка добија пофалба и награда од наставникот. 
Посебна улога имаа и учениците водители, кои ги читаа задачите, ги проверуваа одговорите и ги бодираа натпреварувачите.
Преку игра, истражување и дружење, го одбележавме празникот и го поврзавме изучувањето на историјата со активно учество на учениците.
Честитки до сите учесници и благодарност до учениците што помогнаа во организацијата! 







