Почеток на учебната 2026-2027

ПОЧИТУВАНИ УЧЕНИЦИ,

ДРАГИ РОДИТЕЛИ,

Со особена радост го очекуваме почетокот на новата учебна година – нов почеток, нови знаења, нови предизвици и нови можности за успех.

Учебната 2026/2027 година започнува на 1 септември 2026 година.

📚 Наставата за учениците од второ до деветто одделение во Централното училиште и во подрачните училишта започнува во 08:00 часот.

🎒 Свечениот прием за првачињата започнува во 09:00 часот, во Централното училиште и во подрачните училишта.

Нека првиот училишен ден биде почеток на една успешна и исполнета година, со многу знаење, дружење, убави моменти и заеднички успеси.

Ве очекуваме со радост и отворени срца!

Добредојдовте и нека ни е среќна и успешна новата учебна година!

Со почит,

ООУ „Свети Климент Охридски“ –

с. Драслајца

Директор

м-р Мирослав Размоски