Државен натпревар по англиски јазик

На 9 мај, во просториите на ООУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје се одржа државниот натпревар по англиски јазик за учениците од основните училишта.

Нашите ученици постигнаа забележителни резултати:

Горјан Шумуликоски (V одделение) – III награда – Ментор: Јасмина Спироска.

Елизабета Дулеска (VII одделение) – успешно учество – Ментор: Гордана Ш. Меческа.

Честитки до учениците за постигнатиот успех, како и до менторите за посветената работа и поддршката.