![]()
ГОРДОСТ ЗА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ! ![]()
![]()
Со голема радост и гордост ги споделуваме резултатите од финалниот круг на меѓународниот математички натпревар „Кенгур 2026“.
Прва награда освои нашата ученичка од III одделение ЕЛИСЕЈА МИЛОШЕСКА, под менторство на наставничката Јованка Спасеска.
Втора награда освои нашиот ученик од V одделение КЛИМЕНТ ЧУРКОСКИ, под менторство на наставничката Рената Спироска.
Овие успеси се резултат на посветена работа, знаење, упорност и љубов кон математиката. Им честитаме на учениците за извонредниот успех, како и на нивните ментори за вложениот труд и поддршка.
Им посакуваме уште многу успеси, нови предизвици и достигнувања во иднина!
#Кенгур2026#ГордиНаНашитеУченици#Успех#Математика#НашетоУчилиште![]()
![]()
![]()
