Сите сме различни и прекрасни

СИТЕ СМЕ РАЗЛИЧНИ И ПРЕКРАСНИ НА СВОЈ НАЧИН! 💜

Во рамките на проектот „Училница со ретка добрина“, учениците од III одделение заедно со одделенскиот наставник Јованка Спасеска реализираа едукативна и креативна активност преку изработка на сликовница со наслов „ЛУКА – МОМЧЕТО КОЕ ЗРАЧИ СО НАСМЕВКА“.

Преку разговор, видео со анимиран лик и песна посветена на поддршка на лицата со ретки болести, учениците се запознаа со Дишеновата мускулна дистрофија и научија дека иако некои деца се движат поинаку или побрзо се заморуваат, нивните соништа и чувства се еднакво силни.

Во топла и емотивна атмосфера учениците боеја, пишуваа пораки за поддршка, носеа различни чорапчиња како симбол на прифаќање, и ја креираа заедничката сликовница исполнета со добрина, сплотеност и истрајност.

Активноста придонесе за развивање на емпатија, солидарност и почитување на различностите.

Нашата порака е едноставна, но силна:

Сите сме различни. Сите сме важни. Кога сме заедно – сме најсилни. ✨

#УчилницаСоРеткаДобрина

#РазличниАЗаедноСилни

#РеткиБолести

#Емпатија

#IIIодделение💜