Уште една причина за гордост

Со голема гордост и радост споделуваме уште еден извонреден успех на нашите ученици на Државниот натпревар по италијански јазик! 🇮🇹✨

Нашата ученичка Сара Милошеска од VIII одделение го освои одличното 🥈 второ место, покажувајќи врвно знаење, труд и посветеност.

Воедно, ученикот Лео Грујоски од VI одделение освои високо 🌟петто место во конкуренција од вкупно 23 ученици од целата држава.

Особена благодарност и честитки упатуваме и до нивниот ментор, наставничката Александра Тренески, за нејзината посветеност, поддршка и несебична работа со учениците.

Им честитаме од срце и им посакуваме уште многу успеси, инспирација и нови достигнувања! ❤️📚