Со особена чест и гордост Ве известуваме дека, по одлука на Наставничкиот совет, за првенец на генерацијата е избрана ученичката Јана Петреска од деветто одделение.
Со својот континуиран одличен успех, примерното поведение, посветеноста кон учењето и активното учество во училишниот живот, Јана заслужено го понесе ова високо признание и стана пример за своите соученици.
Ѝ честитаме од срце за постигнатиот успех и ѝ посакуваме многу среќа, нови успеси и остварување на сите нејзини соништа во понатамошното образование.

