ПОЧИТУВАНИ УЧЕНИЦИ,
ДРАГИ РОДИТЕЛИ,
Со особена радост го очекуваме почетокот на новата учебна година – нов почеток, нови знаења, нови предизвици и нови можности за успех.
Учебната 2026/2027 година започнува на 1 септември 2026 година.
Наставата за учениците од второ до деветто одделение во Централното училиште и во подрачните училишта започнува во 08:00 часот.
Свечениот прием за првачињата започнува во 09:00 часот, во Централното училиште и во подрачните училишта.
Нека првиот училишен ден биде почеток на една успешна и исполнета година, со многу знаење, дружење, убави моменти и заеднички успеси.
Ве очекуваме со радост и отворени срца!
Добредојдовте и нека ни е среќна и успешна новата учебна година!
Со почит,
ООУ „Свети Климент Охридски“ –
с. Драслајца
Директор
м-р Мирослав Размоски


