Кенгур 2026

🎉🏆 ГОРДОСТ ЗА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ! 🏆🎉

Со голема радост и гордост ги споделуваме резултатите од финалниот круг на меѓународниот математички натпревар „Кенгур 2026“.

🥇 Прва награда освои нашата ученичка од III одделение ЕЛИСЕЈА МИЛОШЕСКА, под менторство на наставничката Јованка Спасеска.

🥈 Втора награда освои нашиот ученик од V одделение КЛИМЕНТ ЧУРКОСКИ, под менторство на наставничката Рената Спироска.

Овие успеси се резултат на посветена работа, знаење, упорност и љубов кон математиката. Им честитаме на учениците за извонредниот успех, како и на нивните ментори за вложениот труд и поддршка.

👏 Им посакуваме уште многу успеси, нови предизвици и достигнувања во иднина!