Извондредни успеси на нашите ученици

Со особена гордост денес ги истакнуваме извонредните успеси на нашите ученици, кои на државните натпревари постигнаа одлични резултати во областите на спортот и странските јазици.

Нивната посветеност, труд и истрајност уште еднаш потврдија дека знаењето, дисциплината и спортскиот дух се вредности кои се негуваат и развиваат во нашето училиште.

Како признание за постигнатите резултати, учениците беа наградени со дипломи и книги – симбол на знаење и траен спомен од нивното училишно патување.

Посебна благодарност упатуваме и до нивните ментори – наставниците кои со својата стручност, посветеност и континуирана поддршка беа значаен дел од нивниот успех и мотивација.

Им честитаме од срце на сите ученици и ментори и им посакуваме уште многу успеси, со надеж дека ќе продолжат да бидат инспирација, гордост и светол пример за нашето училиште и пошироката заедница.