Донирај компјутер

Со големо задоволство ја споделуваме веста дека ООУ „Св. Климент Охридски“ – с. Драслајца е следното училиште кое ќе биде опремено со компјутерска опрема преку иницијативата #ДонирајКомпјутер.

Упатуваме искрена благодарност до Борче Стаменов и целиот тим на #ДонирајКомпјутер за нивната хуманост, посветеност и поддршка на образованието. Донацијата ќе придонесе за унапредување на наставниот процес и создавање подобри услови за учење и развој на нашите ученици, како во централното, така и во подрачните училишта.

Веруваме дека секоја инвестиција во образованието е инвестиција во иднината.

Ви благодариме што сте дел од таа иднина!